Три постапки за развод и две пресуди за насилство – каква судска историја имал сопругот насилник
Три бракоразводни постапки воделе сопружниците Стојанче Јовановски и Ивана, која со години била жртва на семејно насилство, а животот го заврши со пад од балкон со својата ќерка во раце, покажуваат податоците кои СП ги доби од Граѓанскиот суд. Во првата постапка разводот го иницирала Ивана, но ја повлекла тужбата, а другите две постапки не биле затворени, а последно развод барал сопругот насилник.
Освен бракоразводните постапки, сопругот насилник водел и два предмети во кои тужел и барал надомест на штета.
За Јовановски за кого министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека имало 10 кривични пријави, има две правосилни пресуди за кривични дела и двете се за насилство.
Првата пресуда е за напад врз полицаец, за што бил осуден со парична казна од 150 евра, додека пак за насилство на спортски терени бил условно казнет.
Инаку два часа пред убиството, Ивана самата пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг ја натепал, напад што е снимен од безбедносните камери и што полицијата го видела по трагедијата.
Сопругот и татко насилник, според информациите на „Слободен печат“ ја тепал Ивана позади Кривичниот суд, но нема потврда од институциите кои камери го снимиле тепањето, дали тие на Кривичниот суд или камерите на катната гаража зад Судот. Според нашите информации, насилникот дента пред трагедијата бил кратко во Кривичниот суд, за што нема официјална потврда.
По пријавата, кога дошла полицијата, Ивана сепак се откажала и им рекла на полицајците дека немала физички контакт со сопругот, за по два часа да се заклучи во стан во Тафталиџе и да го оконча и својот и животот на својата ќерка Катја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Борисов прашува што ќе даде за возврат…
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека…
Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…
Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…