Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи
Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи.
„Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре“, напиша Пановски.
Тој ги повика граѓаните да не купуваат, како што наведе, „лажни препарати“ и да не ги „богатат криминалците“, додавајќи дека државата досега не презела соодветни мерки за заштита од ваквите злоупотреби.
„Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува“, вели Пановски.
Тој посебно предупреди дека е опасно прекинувањето на редовната терапија пропишана од лекари и нејзино заменување со вакви производи, особено кога станува збор за терапија за дијабетес.
„Ве молам, споделете го ова и секое видео со мојот лик пријавете го како лажно. Не купувајте, а ако сте купиле – фрлете го“, апелира Пановски во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со…
Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку…
Од 1. јануари поскапи и здравствените услуги…
По повеќе од десет години непроменети цени,…
Посмртнината за починати пензионери се зголемува за…
Пензионерите и нивните семејства ќе добијат поголема…
28 декември – студентите ја креваат Србија…
Студентите во блокада најавија голем протест на…
Путин го сака цел Донбас, можна размена…
Според рускиот весник „Комерсант“, Кремљ е отворен…