Од 1. јануари поскапи и здравствените услуги – специјалистичкки преглед од 380 на 720 денари, за Клековски поскапувањето е „симболично“
По повеќе од десет години непроменети цени, Фондот за здравствено осигурување ќе ги зголеми партиципациите за дел од здравствените услуги во јавните болници. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, на средба со новинарите објасни дека станува збор за поскапување на основниот специјалистички и интернистички пакет за осигурениците на Фондот.
Најзначајната промена се однесува на специјалистичките прегледи — наместо досегашните 380 денари, граѓаните ќе плаќаат 720 денари. Клековски го нарече зголемувањето „симболично“, иако станува збор за речиси двојно повисока партиципација.
Поскапуваат и интернистичките услуги. Директорот на ФЗО го претстави зголемувањето преку износи од 40 и 60 денари, но суштината е дека станува збор за зголемување од околу 50 проценти. Со новите цени, Фондот очекува за здравствениот систем да се обезбедат приближно една милијарда денари годишно, односно околу 16 милиони евра дополнителни приходи.
Според пресметките на ФЗО, околу 80 проценти од овој прилив ќе завршат во јавните здравствени установи, а остатокот кај приватниот специјалистички сектор. Само од интернистичкиот пакет, ефектот се проценува на околу 340 милиони денари годишно.
Клековски најави и дека во текот на следната година позитивната листа на лекови ќе биде проширена трипати, при што приоритет ќе имаат терапиите за кардиоваскуларни заболувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…
(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…
На социјалните мрежи се прошири видео на…
(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…
По серијата пожари, Франција се соочи со…
Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…
Отпочната реконструкцијата на патот Добри Дол –…
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска…