Панчо од ДНК: Министерството за култура ги тероризира македонските артисти – ова е тотално деградирање и омаловажување
Членот на македонската поп група ДНК, Владимир Блажев, на неговиот Фејсбук профил соопшти дека нивниот поднесок за финансирање на проекти од национален интерес во културата бил одбиен од страна на Министерството за култура.
Блажев изрази жалење што поп сцената и воопшто македонските артисти се третираат на понижувачки начин и конскатаира дека таквиот однос довел до ваквата лоша состојба на македонската сцена.
Во продолжение статусот на ДНК:
“Драги наши.
Оние кои не пратат и следат знаат дека оваа година како ДНК славиме еден ( за нас ) голем јубилеј од 20 години постоење, кое ќе го прославиме со голем солистички концерт во арената “Борис Трајковски”. Датумот наскоро ќе биде објавен, а до тогаш сакаме да споделиме една информација со вас целокупната јавноста и сите медиуми.
Денес, штотуку ја добивме информацијата која воедно е големо разочарување за нас. Официјално без никаково образложение сме одбиени од страна на министерството за култура каде што најчесно и со целосно коректно доставена документација конкуриравме на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко-сценската дејност.
Да не бидеме погрешно сфатени не се жалиме туку само сакаме да ви ја доловиме ситуацијата како е третирана македонската поп индустрија и воопшто македонската музика. Затоа и сцената е таму каде што е и не гледаме светла иднина додека вака сме/се третораат Македонски артисти.
Станува збор за ЈУБИЛЕЈ од 20години. Ако бенд со 20годишна кариера, кој зад себе има преку 60 синглови, 3 албуми, 2 големи соло концерти ( скопски саем ), еден анплагд концерт ( универзална сала ) , безброј настапи низ државата и надвор од неа презентирајќи ја државата не множат со НУЛА, што останува останатите за останатите наши колеги и оние млади артисти кои започнале кариера или планираат да ја започнат.
Ова е тотално омаловажување, деградирање и непочитување на своето. За жал секогаш сме биле деструктивни како нација и секогаш туѓото се ценело многу повеќе. Ние концертот ќе го направиме како и да е бидејќи пред се тоа го должиме на нашата публика која не прати изминативе 20години и ќе бидеме среќни и радосни со секој еден што ќе ни направи чест да дојде таа вечер која за нас ќе биде една од најбитните денови во нашите животи.
Жалиме што сме родени во оваа држава, но ја сакаме Македонија, бидејќи тука е нашата публика заради која сме тоа што сме денес и воедно која според нас е НАЈДОБРА на свет, а тука се и нашите СРЦА.
Министерство за култура нека ви служи на чест.
Се гледаме на концерт.
Со почит Панчо и Андреј”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајката на Коста: Oд каде мојата ДНК…
Во Вишиот суд во Белград, мајката на…
Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…
НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…
Покана за промоција на Монографијата посветена на…
Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…
Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…
Министерството за култура тврди дека директорката на…
Актерот Симонов добитник на престижната награда „Ристо…
Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен…