Папата го осуди „масакрот во Буча“ па го бакна украинското знаме
апата Франциск го осуди „масакрот во Буча“ и го бакна украинското знаме за кое рече дека му било испратено од градот, за време на неговата неделна аудиенција во аудиториумот во Ватикан, јави Би-Би-Си.
– Неодамнешните вести од војната во Украина, наместо да донесат олеснување и надеж, донесоа нови злосторства, како што е масакрот во Буча. Суровост која е сè пострашна, дури и против цивили, беспомошни жени и деца, истакна папата.
Откако го покажа украинското знаме кое му било донесено од Буча, папата повика неколку деца бегалци од Украина да дојдат кај него.
– Овие деца мораа да побегнат за да стигнат во безбедна земја. Ова е плод на војната. Да не ги заборавиме и да не заборавиме на украинскиот народ, рече тој, пред да му даде на секое дете по едно чоколадно велигденско јајце.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера пред Советот за безбедност на ОН ја обвини руската војска за извршување на најголемите злосторства од Втората светска војна. Кремљ тврди дека нема докази дека руските војници ги извршиле злосторствата за кои се обвинети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во иста држава живееме? Финансирањето е стабилно,…
Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива…
Можен е двонеделен прекин на огнот во…
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер…
Меркел: Израел не треба да се поистоветува…
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изрази силна…
Кошта: Хуманитарната ситуација во Газа е целосно…
„Хуманитарната ситуација во Газа е целосно неприфатлива“,…
Воениот буџет на САД надмина трилион долари
Пентагон поднесе предлог за буџет за одбрана…