Објавено на:

Папата Франциск ги повика Израел и Хамас да ги прифатат предлозите за прекин на огнот

t

Папата Франциск денеска повика на итна испорака на хуманитарна помош за Палестинците во Газа, а ги повика и Израел и Хамас за да ги прифатат предлозите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Ја охрабрувам меѓународната заедница да направи нешто итно, со сите средства, за да му помогне на народот во Газа кој е уморен од војна, рече папата истакнувајќи дека „никој не смее да ја попречува“ хуманитарната помош.

Поглаварот на римокатоличката црква изрази надеж дека Израел и Хамас ќе постигнат договор за прекин на огнот, додавајќи дека знае оти преговорите „не се лесни“.

Се надевам дека мировните предлози што беа претставени од сите страни и ослободувањето на заложниците ќе бидат прифатени веднаш, за доброто на Палестинците и Израелците, рече Франциск.

Потсетувајќи како пред десет години одржал мировна молитва во Ватикан кога биле присутни тогашниот претседател на Израел Шимон Перес и палестинскиот лидер Махмуд Абас, папата оцени дека нивната средба „покажала дека е можно ракување“ и оти повеќе храброст е потребно за постигнување мир, отколку за водење војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел формира директорат за раселување на Палестинците…

Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…

Израел го нападна Либан

Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…

Израел ја прекина струјата во Газа

Израел објави дека ја прекинува струјата во…

Трамп му се закани на Хамас веднаш…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Хамас…

Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…