Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина
Папата Франциск денеска повика војната во Украина да се реши со дипломатски средства кои ќе доведат до праведен и траен мир.
„Толку многу жртви, ранети, уништување, болка и солзи во период кој станува ужасно долг и чиј крај не се гледа. Тоа е војна која не само што го уништува тој регион, туку и ослободува глобални бранови на омраза и страв“, рече папата за време на неговата неделна порака Ангел Господов, пренесе Ројтерс.
Тој посочи дека се залага да се најде трошка човечност за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир.
Папата Франциско рече дека е загрижен и поради ескалацијата на насилството во источниот регион на Демократска Република Конго (ДРК).
Насилните судири меѓу армијата на ДРК и бунтовничката група М23 поддржана од Руанда во источно Конго ескалираа минатата недела, при што загинаа десетици, а стотици илјади се раселени.
„Им се придружувам на епископите во нивниот повик да се молат за мир, со надеж дека ќе има крај на конфликтот и потрагата по вистински и конструктивен дијалог“, рече тој.
Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу нации зафатени од војна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…