Папа Лав Четиринаесетти: Мора да разговараме и да го оставиме оружјето, да прекине военото варварство
Мора да разговараме и да го оставиме оружјето, порача денеска папата Лав Четиринаесетти, нагласувајќи дека „светот повеќе не може да поднесе конфликти“ и повика на прекин на „военото варварство“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Тој зборуваше за својата длабока болка поради израелскиот напад во четвртокот врз единствената Католичка црква „Светото семејство“ во Газа. Во нападот загинаа три лица, а неколку беа повредени, вклучувајќи и еден парохиски свештеник.
Тој по неделната молитва ги прочита имињата на загинатите во нападот.
„Апелирам до меѓународната заедница да го почитува хуманитарното право и обврската за заштита на цивилите, како и забраната за колективно казнување, неселективна употреба на сила и присилно раселување на населението“, рече Папата.
Тој додаде дека мора да се молиме и да имаме вера во Бога. Папата разговараше со новинарите по мисата во катедралата во Албано, каде зборуваше и за ситуацијата во Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папа Лав Четиринаесетти: Мора да разговараме и…
Мора да разговараме и да го оставиме…
Трамп бара 10 милијарди долари отштета од…
Претседателот на САД – Доналд Трамп поднесе…
Се запали Боинг со 235 луѓе во…
Патнички авион во петокот се запали кратко…
Левица со демант: Не одиме во коалиција…
Политичката партија Левица преку социјалните мрежи испрати…
Бугарската гранична полиција пронајде 206 килограми дрога…
Огромна количина кокаин е запленета во куфери…