Папа Франциск: Четирите гревови на новинарството се дезинформација, клевета, ширење гласини и склоност кон скандали
Папата Франциск ги осуди денеска „дезинформациите“ и лажните вести, кои, во обид да се влијае на јавното мислење, според него, претставуваат „прв грев на новинарството“.
„Дезинформациите се првиот од гревовите, од грешките, ајде да го наречеме тоа така – на новинарството“, рече папата за време на аудиенција во Ватикан во рамки на доделувањето на новинарските награди на кои присуствуваа италијански новинари.
„Дезинформацијата е еден од гревовите на новинарството, а има четири: дезинформација – кога новинарот не информира или дезинформира; клевета, која понекогаш се користи; ширење гласини, кое е различно од клеветата, но сепак уништува; и четврти е склоност кон скандали“, рече Светиот Отец.
Посочи дека е загрижен, на пример, за манипулациите со кои се служат тие кои шират лажни вести настојувајќи така да влијаат врз јавното мислење. Тој повика на „зголемена одговорност“ во „драматичната ситуација низ која поминува Европа, со оглед на продолжувањето на војната во Украина“.
„Се надевам дека ќе се овозможи и ќе му се даде простор на гласот на мирот и на тие кои се ангажирани за ставање крај на скандализирањето на овој конфликт, како и на многу други, ќе им се овозможи и ќе им се даде простор“, рече папата.
Осумдесет и шестгодишниот аргентински папа, кој следната недела треба да отпатува за Монголија, од својот избор до денеска даде бројни интервјуа и покажа многу поголема спонтаност од неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…