Пари за учебници нема, за пиар и за патни трошоци, за рамковни прослави и саеми на вино има

t

Пари за учебници нема, има за ПР и за патни трошоци, реагираат од политичката партија Левица по вчерашната изјава на министерот за образование, Јетон Шаќири дека државата нема доволсно средства за да ги испечати сите нови учебници за средно образование.

– „Реално немаме пари за сите учебници во средно образование“, со мирна советст изјави министерот за образование Јетон Шаќири.

Недопустливо е министерот да вели дека државата „реално немала пари“ за учебници додека истата таа држава секогаш има на располагање средства непродуктивни трошоци како на пример:

• 360.000 евра за фиктивни патни трошоци на пратениците од сите политички партии освен Левица;
• 100.000 евра за „прослава за рамковниот договор“ каде беше исвиркан македонскиот јазик;
• 26.000 евра за ПР кампања на премиерот Ковачевски;
• 400.000 евра за учество на државата на саем на вино во Белград и т.н.

И додека министерот од една страна кажува дека нема пари за учебници од друга во исто време води кампања за промоција на средни стручни училишта – „Учи паметно – работи стручно“. Од што да се учи министре кога самиот велите дека нема учебници?

Бараме Министерството за образование и наука да преземе брза акција за да се поправи оваа состојба и што е можно поскоро да ги обезбеди учебниците за да се минимизира негативното влијание врз образованието на учениците.

Досегашните постапки на министерот за образование и владата укажуваат на тоа дека пари за бесмислени и непродуктивни трошоци и задоволување на апетити на поединци и групи има, но за образованието, институција која што е еден од столбовите на општеството, нема. Образованието очигледно не е приоритет на оваа криминогена влада, која е единствено заинтересирана за полнење на сопствените џебови. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…