Пахор: Со влез во ЕУ ќе се спречат непотребните поделби на Балканот
Единствен начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да се приклучи на Европската унија, изјави претседателот на Словенија Борут Пахор на форумот 2BS, на панел со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Пахор напоменува дека одреден период постоел оптимизам, но се намалил, истакнувајќи дека во Брисел имало помала волја, пишува црногорскиот весник Побједа.
Поради војната во Украина, мирот и стабилноста на Балканот се кревки. Тоа се обидовме да и го објасниме и на ЕУ. Во 2016 година, за време на разговорите во Сараево, рековме дека проширувањето не е технички проблем, туку геополитички и треба да бидеме пофлексибилни во Брисел, истакна Пахор на форумот.
Тој изрази надеж дека Брисел ќе биде подготвен да преземе неколку чекори, додавајќи дека доколку дојде до проширување, сите балкански земји ќе се приклучат речиси во ист период.
За да се прошири Балканот, потребна ли е војна? Мислам дека е одговорност на сите нас во регионот да направиме се за да обезбедиме Балканот да влезе во ЕУ како стабилен регион. Мислам дека една од последиците на војната во Украина ќе биде нова поделба во Европа која исчезна со падот на Берлинскиот ѕид. Еден начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да влезе во ЕУ. Тоа во голема мера зависи како Вучиќ и Србија ќе ја регулираат стратешката ситуација во која се наоѓа, објасни Пахор.
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, смета дека карактеристика на регионот во целина е тоа што имаме конфронтација меѓу две гледишта за иднината.
Едниот е ентузијазмот кој ги поттикна сите општествени структури на реформи кои требаше да доведат до усвојување стандарди. Наспроти таа политика, постои силен фронт на противници на оние кои се за статус кво и кои мислат дека ЕУ е гнила организација и дека е подобро Балканот да се смести под капата на Русија, изјави Ѓукановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…