Паѓаат цените на главните житни производи на светските берзи: Ќе поевтини ли храната?

Продолжува намалувањето на цените на главните житни производи на светските берзи, јавува Софиската берза, цитирана од БТА. Во САД, ФОБ цената на лебната пченица падна за уште 4 долари на 259 долари за тон, а таа во Франција се повлече за 4 евра на 239 евра/тон.
Украина ја продава пченицата непроменета по стара цена од 260 долари за тон, а истото важи и за Русија – 265 долари за тон. Пченката во САД падна за 9 долари на 269 долари по тон, во Франција падна за 1,25 евра на 227 евра/тон, а во Русија – за 4 до 253 долари по тон. Цената на јачменот во Франција остана на 224 евра/тон, а во Русија падна за 3 долари на 244 долари за тон.
Семе од репка на берзата Еуронекст се тргува по 442 евра за тон. Цената на нерафинираното сончогледово масло на берзата во Ротердам падна трета недела по ред – сега за 10 долари на 980 долари за тон. Рафинираниот шеќер за испорака во август беше единствениот исклучок оваа недела, поскапувајќи од 7,50 долари на 705,30 долари за тон на лондонската берза. На Софиската стоковна берза, по априлските зделки на лебната пченица по 370 лева/тон и пченката по 380 лева/тон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) СДСМ предлага намалување на ДДВ за…
Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните…
Храната од 2021 година досега поскапела 46,7%…
Храната од почетокот на 2021 година до…
Костова: Цените на 63 основни производи наместо…
Новогодишните кошнички завршија како фарса. Цените на…
Македонски Бадник со ирански урми, српски сливи,…
Зелените пазари зовреа пред Бадник и Божиќ,…
Чипс, сок, јогурт и кисело млеко чинат…
3-4 производи чинат 810 денари, пишува во…