Паѓаат цените на горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777%, кај дизелот за 5,057%, кај екстра лесното масло за 5,078% и кај мазутот намалувањето е за 1,745%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851%.
Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ…

Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…

Регулаторната комисија донесе одлука со која се…

Поскапуваат бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

Добра вест: Поевтинува дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за…

Се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија…