Па нели Арапите ќе ги градеа? Мицкоски се премисли, Чебрен и Галиште ќе се градат од британскиот кредит
Владата планира да ги гради хидроелектраните Чебрен и Галиште со парите од британскиот заем, рече денеска Христијан Мицкоски.
Инвестицијата, како што рече, е 1,2-1,3 милијарди евра.
„Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, планираме да го работиме со парите од британскиот заем. Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали“ рече Мицкоски.
Претходно Мицкоски, за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати исто така изјави дека Чебрен и Галиште ќе се граделе со пари од ОАЕ.
Како што вели во изјавата од Емиратите, пред инвеститорите биле презентирани повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои биле проекти од областа на транспортот, енергетиката, туризмот… Меѓу другото, станало збор за коридорите 8 и 10, потоа за Охрид, Попова Шапка, но и за Чебрен и Галиште.
„Потоа, разговаравме за проекти коишто се силно поврзани и тесно поврзани со туризмот. Се разбира тука нашиот македонски, балкански, би рекол светски бисер Охрид. Потоа, Попова Шапка како исклучително силна инвестиција, којашто треба во годините коишто следат да донесе големи економски бенефити за македонските граѓани“, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Професорот Трајковски детално пресмета: За камати 22…
*Објава на Фејсбук на професорот Дејан Трајковски…
Па нели Арапите ќе ги градеа? Мицкоски…
Владата планира да ги гради хидроелектраните Чебрен…
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…