Пеколни температури од над 50 степени во Мека – верниците колабираат, има и смртни случаи
Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде што се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на аџилакот, а температурите надминуваат 50 степени Целзиусови.
Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во лето, кога е особено жешко во Саудиска Арабија.
Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.
Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.
„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.
Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.
Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати.
Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.
Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пеколни температури од над 50 степени во…
Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи…
Во Грција и Турција температури и над…
Почетокот на јуни го донесе првиот сериозен…
Муслиманите вработени во Белата Куќа и во…
Според извори на Фокс Њуз стотици Муслимани…
ФБИ: Зголемување на заканувачката реторика кон Евреите…
Претставници на ФБИ велат дека забележале зголемување…
Затворена руската црква во Софија: Верници положија…
Верници вчера се собраа во дворот на…