Во Македонија утрово измерени -12 степени!
Ладно беше утрово во Македонија. Речиси во целата држава температурите беа во минус во 8:30 часот, а најстудено беше на Попова Шапка, каде беа измерени -12 степени.
Следува Маврово со -9, Крушево со -8, Берово со -5. Во Скопје измерени -1 степен, додека најтопло беше во Гевгелија, каде беа измерени 2 степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка 32 сантиметри, и во Маврово 7 сантиметри.
Времето денеска променливо облачно наутро, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…