ВОШКО ПРЕДАВНИЧКА: Пендаровски го нарече Апасиев „психопат“, пратеникот веднаш се огласи на Фејсбук

t

Тоа е изјава без преседан во современа Европа. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг политичар. Тоа е крајно нечовечки, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, коментирајќи ја објавата на пратеникот од Левица Димитар Апасиев на Фејсбук, во која тој го опцу шефот на државата.

-Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска. Отприлика знам за каква креатура се работи, кој резон има. Меѓутоа, навистина не верував дека може да дојде во ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е лична болка. Мојата мајка е почината пред 10 години и беше крајно нечовечки, да ми пцуе гроб на почината мајка. Тоа е нешто што не се простува, нагласи Пендаровски, кој го нарече Апасиев психопат.

-Преку глава ми е од таквите Фесјбук-партиоти, големи мажиња, кои нè туркаат во обратна насока од демократија и од фундаменталните вредности, рече Пендаровски.

Апасиев на тоа реагираше повторно преку Фејсбук, со статус: „Овој ме нарекол ‘психопат’ на прес!? Па није могуче“, објавувајќи фотографија од Претседателот со хаштаг #ВошкоПредавничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку…

Украина наскоро ќе престане да постои доколку…

Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување…

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои…

Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…

Две златни медали за Македонија: Нов успех…

Две златни медали за Македонија! Ова не…