Пендаровски дефинитивно е претседателски кандидат од СДСМ, Лукаревска потврди вечерва

t

„Во пресрет на нашиот конгрес, кој што е во недела,  ќе го промовираме нашиот претседателски кандидат, актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски. Вчера имавме седница на ИО каде што ја потврдивмее нашата заложба да продолжиме по европскиот пат кој што всушност ќе го води, нашиот претседател Пендаровски. Тој навистина го оправда своето функционирање , затоа што го врати кредибилитетот на функцијата претседател на државата. Имавме повеќе кандидати со поднесени кандидатури и предложени кандидати за претседател на државата на ниво на општинските организации и секако победникот на овие избори очекуваме да биде г. Стево Пендаровски,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во вестите на Алсат ТВ.

Таа посочи дека Пендаровски покрај тоа што ја има коплемтната подршка од СДСМ, ја има подршката и од невладиниот сектор, од различни други поединци, целни групи и од разни групи.

„Тој е претседател на сите граѓани и така ќе продолжи и во неговиот следен мандат,“ рече Лукаревска.

Во врска со коалициониот партнер ДУИ и дека и тие излегоа со свој кандидат, Лукаревска истакна дека тие си имаат свој кандидат за претседател, Бујар Османи и  единственото што ги сврзува овие два кандидати е европската агенда.

„Европската агенда , европската перспектива и европската иднина е исто така обележје кое изминатиорт период го промовираше и Стево Пендаровски.Ако зборуваме за европскиот предзнак, секако дека и Пендаровски и Османи го имаат, меѓутоа ние сме две  различни политички партии и не гледам дека сме изневерени од ДУИ, напротив добро е да има повеќе кандидати за граѓаните да го изберат најдобриот,“посочи Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…