Пендаровски е иницијатор на “црната листа” з бугарски политичари, вели Ковачев

t

Претседателот Стево Пендаровски имал средба со тајните службите уште во јануари и тој ги иницирал црните списоци со бугарски граѓани на кои им е забранат влез во Македонија, обвини европратеникот Андреј Ковачев во утринската емисија на телевизијата „БТВ“.

„Ние кога ја признавме Македонија за независна држава, бевме воодушевени дека тоа е крајот на омразата, мислевме дека со браќата и сестрите од другата страна на Вардар ќе се разбереме. Ние 25 години сме молчеле. Тие преминаа една црвна линија, се чувстуваат некомфорно за тоа дали сум бил на црните списоци или не. Пендаровски рече дека немал проблем со мене да пие кафе, но јас имам информации дека уште во јануари годинава иницирал средба со тајните служби. Иницијатор на тие црни списоци е токму Стево Пендаровски. Тој потврди дека има списоци за бугарски граѓани. Критериум за влез е да не кажеш дека си Бугарин и да не спомнеш дека Гоце Делчев е Бугарин затоа што во спротивно ќе го негираш македонизмот. Може да стигнеме до апсурд и да воведат декларација на граничните премини за нас за да одговориме дали сметаме дека Гоце Делчев бил Бугарин“, рече Ковачев во емисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…