Пендаровски е иницијатор на “црната листа” з бугарски политичари, вели Ковачев
Претседателот Стево Пендаровски имал средба со тајните службите уште во јануари и тој ги иницирал црните списоци со бугарски граѓани на кои им е забранат влез во Македонија, обвини европратеникот Андреј Ковачев во утринската емисија на телевизијата „БТВ“.
„Ние кога ја признавме Македонија за независна држава, бевме воодушевени дека тоа е крајот на омразата, мислевме дека со браќата и сестрите од другата страна на Вардар ќе се разбереме. Ние 25 години сме молчеле. Тие преминаа една црвна линија, се чувстуваат некомфорно за тоа дали сум бил на црните списоци или не. Пендаровски рече дека немал проблем со мене да пие кафе, но јас имам информации дека уште во јануари годинава иницирал средба со тајните служби. Иницијатор на тие црни списоци е токму Стево Пендаровски. Тој потврди дека има списоци за бугарски граѓани. Критериум за влез е да не кажеш дека си Бугарин и да не спомнеш дека Гоце Делчев е Бугарин затоа што во спротивно ќе го негираш македонизмот. Може да стигнеме до апсурд и да воведат декларација на граничните премини за нас за да одговориме дали сметаме дека Гоце Делчев бил Бугарин“, рече Ковачев во емисијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…