Пендаровски и Бауер разговараа за модернизација и опремување на АРМ
Процесот на трансформација, опремување и модернизација на Македонската армија и нејзиното учество во меѓураодни операции и вежби, била главна тема на разговорите меѓу претседателот Стево Пендаровски и претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на Македонија.
-Соговорниците разговараа за соработката меѓу Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, а беа разменети мислења и информации за состојбите во Украина и улогата на Алијансата во одбраната на украинскиот народ од руската воена агресија, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
– Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина и укаринскиот народ, со крајна цел прекин на воената агресија, му порача Пендаровски на Бауер.
Од Кабинетот на претседателот соопштија дека тој и адмира Бауер констатирале дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор
-Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за натамошно унапредување на соработката и јакнење на НАТО сојузништвото во насока на исполнување на заедничките цели за колективна безбедност и мир на европскиот континент, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…