Пендаровски и Бауер разговараа за модернизација и опремување на АРМ

t

Процесот на трансформација, опремување и модернизација на Македонската армија и нејзиното учество во меѓураодни операции и вежби, била главна тема на разговорите меѓу претседателот Стево Пендаровски и  претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на Македонија.

-Соговорниците разговараа за соработката меѓу Македонија и НАТО, за актуелните регионални и безбедносни прашања, а беа разменети мислења и информации за состојбите во Украина и улогата на Алијансата во одбраната на украинскиот народ од руската воена агресија, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

– Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина и укаринскиот народ, со крајна цел прекин на воената агресија, му порача Пендаровски на Бауер.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека тој и адмира Бауер констатирале дека Алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлантски простор

-Претседателот Пендаровски изрази подготвеност за натамошно унапредување на соработката и јакнење на НАТО сојузништвото во насока на исполнување на заедничките цели за колективна безбедност и мир на европскиот континент, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…

Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…