Пендаровски: Постои реална опасност од исчезнување на СДСМ или ќе станат статистичка грешка
Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски испрати јасна порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на сериозен раскрсник и дека без длабоки промени може да се соочи со понатамошен пад, па дури и со политичка маргинализација.
Пендаровски во изјавата оценува дека актуелната политичка состојба покажува парадокс – иако владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го изгубила дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го канализира опозиционото расположение кај гласачите.
-Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело – вели Пендаровски.
Со ова, поранешниот претседател директно укажува дека проблемот не е во комуникацијата, туку во суштината на политичкото делување – односно во стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.
Пендаровски предупредува дека со актуелниот тренд на пад на поддршката, СДСМ може да се соочи со уште полош резултат на следните избори.
-Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка – вели тој.
Ваквите ставови доаѓаат како силен сигнал од висок функционер и поранешен шеф на државата, кој и самиот произлегува од редовите на СДСМ, што дополнително ја нагласува тежината на пораката – дека потребата од промени не е само критика однадвор, туку доаѓа и одвнатре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Постои реална опасност од исчезнување на…
Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски испрати…
СДСМ: Власта ја елиминираше Ристовска за да…
Соопштение за јавност Ленче Ристовска е елиминирана…
(Видео) СДСМ го спори Законот за внатрешни…
Со новиот Закон за внатрешни работи, кој…
(Видео) СДСМ му поднесе кривична на Славески,…
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,…
Кузеска: Фирма на Дака од црната листа…
Огромен скандал е доделувањето бизнис на компанија…