Кузеска: Фирма на Дака од црната листа на САД доби бизнис од Владата

t

Огромен скандал е доделувањето бизнис на компанија чиј сопственик е на црната листа на САД, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Компанијата на Миодраг Давидовиќ-Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.

За ВМРО-ОКГ сѐ е бизнис и ниту црната листа на САД не е пречка.

Сега кога јавно ги фати живи Антикорупцискиот тим на СДСМ како спремаат бизниси со човек кој се поврзува со перење пари, криминални структури и е на црната листа на САД ВМРО -ОКГ пробува да се испере.

Не поминува, живи сте фатени.

Панама, офшор мрежи и сомнителен капитал.

Скандалот е уште поголем ако се знае дека станува збор за истиот субјект кој со години стоел без реализација, а сега одеднаш, со ВМРО-ОКГ на власт, повторно оживува.

Потонаа сите лаги на Александар Николовски и ВМРО-ОКГ.

Во опозиција го напаѓаа Миодраг Дака Давидовиќ а денес – кога се на власт – Божиновска му отвори врата во бизнис мрежата на македонската енергетика.

Ќе им се извинат ли денеска на граѓаните за сите лаги?

Ова е класичен пример како функционира ВМРО-ОКГ: додека граѓаните плаќаат скапа струја, ЕЛЕМ има загуби од 100 милиони евра годишни тие договараат бизниси со сомнителни партнери.

СДСМ бара:

Владата на Мицкоски веднаш да ја повлече одлуката и да го стопира овој сомнителен проект.

Јавното обвинителство итно да отвори предмет и да ја истражи целата шема, вклучително и потеклото на капиталот“, вели Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…