Пендаровски: Сакав да ги спојам Ковачевски и Мицкоски заедно да гледаат фудбал ама не успеав

t

Средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се одржува затоа што Мицкоски ја услови со договарање предвремени избори, што е неприфатливо, затоа што на прва средба за запознавање на лидерите не се поставуваат услови, изјави шефот на државата Стево Пендаровски за Канал 5, нагласувајќи дека тоа се информации што ги добил од премиерот.

Тој оцени дека јазот меѓу власта и опозицијата е толку длабок, што нему не му успеало ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.

– Од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање на политички прашања, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…