Пендиков конечно се појави на суд во Охрид, влегуваше од страничниот влез на зградата за да избега од новинарите
Христијан Пендиков конечно се појави во судот во Охрид денеска во 10 часот, но тој избега од прашањата на новинарите влегувајќи од страничниот влез во зградата на судот.
Христијан Пендиков не присуствуваше на претходните рочишта со изговор дека се опоравува од повредите, но тоа не го спречи да даде изјави за неколку бугарски телевизии каде го омаловажуваше македонскиот народ.
За време на помпезна церемонија Пендиков доби бугарско државјанство, како и стан во Софија, а се запиша и на факултет.
Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Охрид против Христијан Пендиков, во својство на Генерален секретар на неофашистичкото здружение „Цар Борис III”.
Партијата го обвинува Пендиков за повреда на угледот на Македонија, за излагање на подбив на македонскиот нарор, но и за предизвикување омраза и раздор по национална основа
Во соопштението на Левица пишува:
„Пендиков, во интервју емитувано на 14 февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дава лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Имено, пријавениот во контроверзното интервју, ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека „Македонците и Бугарите се еден исти народ”.
Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност.
Дека Пендиков може кривично да одговара за неговите изјави потврди и вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Инаку против Пендиков во Македонија се води активна кривична постапка, за што повеќе може да прочитате на линкот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…