Од дилер во Македонија, до академски граѓанин во Бугарија: Пендиков ќе добие стипендија за да заврши факултет

t

Од дилер во Македонија, до академски граѓанин во Бугарија.

Христијан Пендиков кој претходно доби стан во Софија, обезбедување, најава за бугарско државјанство, сега ќе добие и стипендија. Ова го најави бугарската потпретседателка Илијана Јотова која беше во посета на Скопје.

– Сакаме оваа есен да почне да студира во Бугарија, да го заврши високото образование, а бугарската држава ќе направи се за него, изјави Јотова.

Пендиков беше пренесен во Софија со владин авион откако, според него, бил претепан затоа што се декларира како “македонски Бугарин”, иако еден од напаѓачите е всушност бугарски државјанин, за разлика од Пендиков кој воопшто нема бугарско државјанство, но има поднесено за бугарски пасош во декември минатата година.

Она што македонската јавност го пропушта, а очигледно и институциите, е дека против Пендиков се води активна кривична постапка во Македонија, за  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Согласно Кривичниот законик на Пендиков му следува затворска казна од шест месеци до три години поради

Кривичниот законик предвидува основна казна од три до десет години и полесна казна од шест месеци до три години за помало количество на дрога.

Пендиков моментално се наоѓа во Бугарија и е во добра состојба, за тоа информираа бугарските лекари од клиниката каде беше пренесен, а пренесувањето беше помпезно, со воен авион како да е воена жртва, а не обвинет за поседување, а можеби и дилање на дрога.

ОЈО Охрид иако има кривична постапка не му определува никаква мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, односно нема изречено притвор, куќен притвор, не му е одземена патната исправа, ниту треба да се пријавува во државен орган на определен период.

Практично тој е слободен, а таа слобода ја искористи за да отиде во Бугарија, а бугарскиот министер за надворешни работи изјави дека таму ќе остане подолг временски период затоа што во Македонија не било безбедно за него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…