Пентагон: Америка е загрижена за безбедноста на Зеленски
Соединетите Американски Држави и обезбедуваат на украинската војска најдобрите системи за оружје што можат да ги користат во копнени и воздушни борби, изјави портпаролот на Пентагон. Во исто време, Пентагон наведува дека Америка е загрижена за безбедноста на украинскиот претседател.
Изворот не прецизира за какво оружје станува збор и дали во испораките се вклучени и противвоздушни ракетни комплекси „Стрингер“.
Високиот претставник на Пентагон рече дека американските власти не гледаат знаци дека Русија распоредува дополнителни сили за специјална воена операција во Украина, освен оние тактички групи што ги распореди во близина на украинската граница во последните неколку месеци. Тој изјави и дека се загрижени за безбедноста на Владимир Зеленски, дека се во постојан контакт со него, како и дека тој се уште е во Киев.
Освен тоа, САД гледаат „мешани сигнали“ од Кина за тоа што се случува во Украина без подготвеност да се приклучат на санкциите против Русија и да ги осудат нејзините постапки, заклучи високиот претставник на Пентагон.
На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките од Донбас се обратиле до Москва за помош.
Подоцна, Министерството за одбрана на Русија нагласи дека руската армија не нанесува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…