Објавено на:

Пентагон бесен на Киев: За 2 месеци потрошени сите 500 проектили АТАКМС

t

Украина се соочува со недостиг на ракети АТАКМС, додека САД не покажуваат волја да ги надополнат резервите на Киев.

Според извештајот на „Њујорк Тајмс“, украинската војска моментално располага со само едвај 50 американски балистички ракети со краток дострел АТАКМС, додека прашање е што се случи со преостанатите 450 од вкупно 500 проектили кои беа испорачани од Вашингтон.

Официјалните извештаи покажуваат дека од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина, Пентагон испратил 500 единици балистички ракети АТАКМС во Киев. Според информациите на „Њујорк Тајмс“, украинската армија досега искористила речиси 90 отсто од овој арсенал, а на располагање останале само уште 50 проектили.

Анонимни функционери на Пентагон го изразија своето незадоволство од начинот на кој украинската армија ги користела овие ракети, посочувајќи дека целите требало да се избираат повнимателно.

Наводно, голем дел од ракетите АТАКМС биле користени за напад на руски воени позиции во источна Украина, додека многу од ракетите се верува дека биле соборени од руски противвоздушни системи.

Украинските команданти се чини дека често ги игнорирале советите на американските стратези, користејќи ракети АТАКМС за тактички цели наместо да ги искористуваат за стратешки напади.

Оваа тактика доведе до исцрпување на резервите и сега Украина има сериозен недостиг од ова важно оружје. Веројатно затоа лансирањето на ракетите АТАКМС стана ретка појава во конфликтот во последните месеци.

Украинското Министерство за одбрана сега бара дополнителни испораки на овие проектили од американската војска. Сепак, со оглед на ограничените количини во американските залихи, останува неизвесно дали Пентагон ќе одобри идни испораки.

Во октомври 2023 година, американски воен извор изјави дека САД имале вкупно 2.100 проектили АТАКМС, релативно мал број со оглед на количината што веќе била испратена во Украина.

Со оглед на сложените логистички и стратешки предизвици, Вашингтон сега внимателно ги разгледува своите следни потези, особено имајќи ја предвид потребата од сопствени резерви во случај на други потенцијални конфликти.

Инаку украинскиот недостиг на ракети АТАКМС претставува сериозен предизвик за нивните воени операции, додека ограничената подготвеност на САД да обезбеди дополнителни резерви ја комплицира ситуацијата. Во прашање се несогласувањата во стратегијата и логистичките проблеми кои ја нагласуваат сложеноста на сегашниот конфликт.

Киев ќе мора да најде нови начини да ја компензира оваа загуба во својот арсенал, бидејќи САД продолжуваат да ја балансираат поддршката за Украина со сопствените одбранбени потреби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон бесен на Киев: За 2 месеци…

Украина се соочува со недостиг на ракети…

Финансиска полиција: Кривична пријава против 8 лица…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Израел „се обложува на погрешен коњ“ во…

Високи турски претставници во неделата предупредија дека…

СДСМ: Тошковски и Обвинителството да го повикаат…

Откако лидерот на ДУИ застана во одбрана…

Се повикуваат на разговор лица кои можеби…

Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална…