Пентагон го испраќа носачот на авиони „ Џералд Форд“ во Латинска Америка
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди распоредување на носачот на авиони „Џералд Форд“ и придружните воени бродови во областа на USSOUTHCOM, објави денеска Пентагон.
„Зголеменото присуство на американските сили во зоната на одговорност на USSOUTHCOM ќе ја зајакне способноста на САД да откриваат, следат и спречуваат нелегални актери и активности што ја загрозуваат безбедноста и просперитетот на татковината и нашата безбедност на Западната хемисфера“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, во објава на социјалната мрежа X.
Британските медиуми пренесуваат дека Парнел не прецизираше кога носачот на авиони ќе биде префрлен во регионот.
Зоната на одговорност на Јужната команда ги вклучува Карибите и Јужна Америка.
Во оваа област, според Блумберг, администрацијата на Трамп распоредила повеќе од 4.000 морнари и маринци, како и најмалку три разурувачи и еден крстосувач со наведувани ракети, за да нападнат наводни бродови на нарко-картели покрај брегот на Венецуела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон го испраќа носачот на авиони „…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди…
Полицијата им пиша казни на активистите кои…
Протестите против изведбите на Бехтел и Енка…
Вучиќ до своите министри: Изгледате како да…
Српскиот претседател Александар Вучиќ го искористи отворањето…
Кандидат на Влен од митинг во Хамбург…
Кандидатот на Влен, Хаќим Рамадани за градоначалник…
МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА 130.000 ГЛАСА ЗА ЃОРЃИЕВСКИ
ВМРО-ДПМНЕ имаше убедлива победа во 33 општини…