МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА 130.000 ГЛАСА ЗА ЃОРЃИЕВСКИ
ВМРО-ДПМНЕ имаше убедлива победа во 33 општини во првиот круг од локалните избори, ова е историски резултат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборен настан во Валандово.
– Ние цела кампања, од првиот ден до последниот, па и до ден денешен, ниту во еден момент не објавивме негативен спот за нашите политички противници, ниту во еден момент не водевме црна кампања, ниту во еден момент не ги нападнавме ад хоминем, ниту со ниски страсти. Опозицијата од првиот ден на изборната кампања водат црна кампања, а тоа се пресликува и во вториот круг од изборите. Мене ме спакуваа во парчиња во куфер, па потоа ми велеа дека ме презираат и што ли не им се случи. И резултатот од сето тоа го видоа граѓаните на 19 октомври, само 3 општини. Ние сме демохристијанска партија, ние со добро треба да ги совладаме нашите политички противници, само така ќе покажеме дека можеме поинаку и дека сме поразлични од другите – рече Мицкоски.
Веќе може да се зборува и за 35 градоначалници, додаде, затоа што во изминативе 2 дена, двајца од противкандидатите на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа.
– Тоа што е зад нас, еден факт кој што е немилосрден. Тоа се бројки. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата водат, имаат веќе освоено градоначалник или се во круг како второпласирани во вкупно 59 општини. Досега ваков историски резултат во независна Македонија не се случил – рече Мицкоски.
Во трката за градоначалник на Скопје, додаде, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ има предност 3:1 во однос на неговиот противкандидат, а во гласови 92.000 наспроти 30.000, а имаме и убедлива победа за Советот на Град Скопје.
– Очекуваме после вториот круг бројката на гласови во Скопје за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125.000-130.000 – нагласи Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од денеска исплата и на социјалната помош…
Корисниците на социјална помош кои имаат сметки…
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…