Пентагон: Нападите на Хутите во Црвеното Море претставуваат закана за глобалната трговија
Шефот на Пентагон, Лојд Остин денеска ги осуди „невидените“ напади на јеменските бунтовници Хути против меѓународниот поморски превоз во Црвеното Море и рече дека тие претставуваат закана за глобалната трговија.
„Министерот Остин ги осуди нападите на Хутите врз меѓународниот поморски превоз и глобалната трговија, нарекувајќи ги без преседан и неприфатливи и истакна дека нападите го загрозуваат слободниот проток на трговијата“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер.
Во меѓувреме, Хутите изјавија дека ќе продолжат со нападите во Црвеното Море и дека таму би можеле да вршат операција приближно на секои 12 часа. Групата ги засили нападите со ракети и беспилотни летала, кои ги започна минатиот месец против меѓународни бродови како одговор на операцијата на Израел во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…