Објавено на:

Пентагон не планира да повлече американски војници од Ирак

t

Пентагон во моментот не планира да повлече околу 2.500 американски војници од Ирак, објави портпаролот, генерал Патрик Рајдер и покрај тоа што Багдад минатата недела го објави почетокот на процесот за затворање на мисијата на меѓународната коалиција предводена од САД во земјата.

„Во овој момент, не ми е познато за какви било планови за повлекување. Остануваме фокусирани на мисијата да ја победиме ИД“, наведе Рајдер.

Тој додаде дека припадниците на американската војска се во Ирак на покана на владата на земјата.

Рајдер, исто така, рече дека не знаел за какво било известување од Багдад до Министерството за одбрана за одлуката за повлекување на американските трупи и ги упати новинарите до американскиот Стејт департмент за какви било дипломатски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…

Европски е што Петар Богојески не е…

Мрежата за заштита од дискриминација ја поздравува…

Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…