Објавено на:

Перо Антиќ останува на чело на Кошаркарската федерација на Македонија

t

Перо Антиќ останува на чело на Кошаркарската федерација на Македонија  уште најмалку четири години, одлучено е на денешното Изборно собрание.

Настанот се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, по истекот на првиот мандат на Антиќ на чело на Федерацијата. Делегатите едногласно му ја дадоа довербата со само еден глас „против“ на Изборното собрание на кое некогашниот крилен центар на Олимпијакос, Фенербахче, Атланта Хокс… немаше опоненти. Антиќ на Изборното собрание победи со 40 гласа „за“ од 41 присутен делегат.

40-годишниот Антиќ ја заврши кариерата во 2018 година во редовите на белградска Црвена Ѕвезда и веднаш по пензијата седна на претседателското столче во мак-баскетот. Тој дојде на местото на уште една кошаркарска легенда, тоа е Петар Наумоски.

На Изборното Собрание, делегатите му дадоа едногласна поддршка на Перо Антиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…