Перо Антиќ останува на чело на Кошаркарската федерација на Македонија
Перо Антиќ останува на чело на Кошаркарската федерација на Македонија уште најмалку четири години, одлучено е на денешното Изборно собрание.
Настанот се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, по истекот на првиот мандат на Антиќ на чело на Федерацијата. Делегатите едногласно му ја дадоа довербата со само еден глас „против“ на Изборното собрание на кое некогашниот крилен центар на Олимпијакос, Фенербахче, Атланта Хокс… немаше опоненти. Антиќ на Изборното собрание победи со 40 гласа „за“ од 41 присутен делегат.

40-годишниот Антиќ ја заврши кариерата во 2018 година во редовите на белградска Црвена Ѕвезда и веднаш по пензијата седна на претседателското столче во мак-баскетот. Тој дојде на местото на уште една кошаркарска легенда, тоа е Петар Наумоски.
На Изборното Собрание, делегатите му дадоа едногласна поддршка на Перо Антиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…