Објавено на:

Песков: Делумната мобилизација заврши – Не ни се потребни повеќе луѓе

t

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков изјави дека делумната мобилизација во Русија е завршена, додавајќи дека за ставање крај на мобилизацијата не е потребен декрет на претседателот Владимир Путин.

Правниот оддел на Админстрацијата на Претседателот ја донесол конечната оценка, информираше Песков на средба со новинарите. На прашањето дали Путиновиот декрет од 21 септември за делумна мобилизација во земјата останува во сила, Песков кратко одговори: „Не.“’

Според наводи на руските власти, за еден месец биле мобилизирани 300.000 резервисти и натамошна мобилизација не е потребна. Со оглед на тоа што не е потребен декрет за ставање крај на мобилизацијата, кај населението постои страв дека таа би можела повторно да почне.

Путин вчера изјави дека ќе се консултира со правни експерти околу тоа дали е потребен декрет за завршување на делумната мобилизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави…

Песков: Русија ќе ги продлабочи односите со…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговарајќи на…

Песков: Западот ќе се умори од војната…

Кремљ соопшти дека верува оти во САД…

Песков: Постојат сите предуслови за склучување на…

Според Песков, „секако остануваат многу технички моменти…