Истрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина, вели Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека истрагата за саботажата на гасоводите Северен поток води кон Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и во медиумите.
Вашингтон пост на 11 ноември објави дека 48-годишниот украински полковник Червински дека бил „координатор“ на нападот на гасоводите на Северен поток. Весникот повикувајќи се на неименувани извори наведува дека полковник Червински не дејствувал сам и оти не учествувал во планирање на операцијата. Вашингтон пост посочува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не бил запознаен со операцијата, а полковник Червински дека примал наредби од други високи украински претставници, а на крај поднел извештај до украинскиот генерал Валериј Залужни.
– Ако режимот во Киев повеќе не ја контролира ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид – потенцира Песков.
Остро пад на притисокот во цевководите под Балтичко Море беше регистриран на 26 септември, а сеизмолозите открија експлозии, што предизвика бран шпекулации за тоа кој го саботирал гасоводот, преку кој се доставуваше руски гас до Германија. Некои американски и европски официјални лица првично ја обвинија Русија за саботажа, а рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли таквите обвинувања како „идиотски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…