Објавено на:

Песков за санкциите на Трамп: Русија е веќе имуна на закани

t

Кремљ денес соопшти дека внимателно ги следи најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можни нови санкции, но оцени дека Русија е веќе отпорна на вакви мерки, поради долгогодишното искуство со економски притисоци, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската економија функционира под бројни ограничувања и дека земјата развила „одреден имунитет“. Тој додаде дека Москва ќе продолжи да ги следи сите изјави на Трамп и други меѓународни претставници.

Изјавата следува откако Трамп вчера најави дека САД ќе воведат царини и други мерки кон Русија за 10 дена, доколку не се забележи напредок во насока на запирање на војната во Украина, која трае повеќе од три години. Според објавена аудиоснимка од Белата куќа, Трамп рече дека во план се и секундарни санкции насочени кон земјите кои продолжуваат да купуваат руска нафта, гас и други производи – како што се Кина и Индија.

„Не знам дали тоа ќе влијае на Русија, бидејќи Путин очигледно сака да ја продолжи војната, но ние ќе воведеме царини и слично“, изјави Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков за санкциите на Трамп: Русија е…

Кремљ денес соопшти дека внимателно ги следи…

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН Русија…

Трамп - враќајќи се од Велика Британија…

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Мртов пратеник „гласал“ 11 пати во рускиот…

Член на Државната Дума, долниот дом на…

Захарова: Русија никогаш немала планови за напад…

Русија никогаш не правела планови за напад…