Песков за санкциите на Трамп: Русија е веќе имуна на закани
Кремљ денес соопшти дека внимателно ги следи најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можни нови санкции, но оцени дека Русија е веќе отпорна на вакви мерки, поради долгогодишното искуство со економски притисоци, пренесува Анадолу.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската економија функционира под бројни ограничувања и дека земјата развила „одреден имунитет“. Тој додаде дека Москва ќе продолжи да ги следи сите изјави на Трамп и други меѓународни претставници.
Изјавата следува откако Трамп вчера најави дека САД ќе воведат царини и други мерки кон Русија за 10 дена, доколку не се забележи напредок во насока на запирање на војната во Украина, која трае повеќе од три години. Според објавена аудиоснимка од Белата куќа, Трамп рече дека во план се и секундарни санкции насочени кон земјите кои продолжуваат да купуваат руска нафта, гас и други производи – како што се Кина и Индија.
„Не знам дали тоа ќе влијае на Русија, бидејќи Путин очигледно сака да ја продолжи војната, но ние ќе воведеме царини и слично“, изјави Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…