Објавено на:

Песков: Молдавија прави сериозна грешка со тоа што ја претвора Русија во непријател

t

Актуелните молдавски власти прават сериозна грешка претворајќи ја Русија во свој непријател со цел да изградат поблиски односи со Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја новата воена стратегија на Кишињев во која Москва е наведена како закана, пренесува новинската агенција Тас.

„Ова е продолжение на прилично конфронтациска и непријателска линија кон нашата земја. Од наша гледна точка, сегашните лидери на Молдавија прават сериозна грешка“, рече Песков, алудирајќи дека Молдавија го повторува примерот на Украина.

Тој додаде дека молдавските власти погрешно веруваат оти патот кон Европа нужно вклучува конфликт со Русија.

„Една земја веќе направи таква грешка, и тоа не ѝ донесе ништо добро“, рече Песков.

Изјавата доаѓа по уверливата победа на проевропската партија на последните избори во Молдавија, која освои 50,2 отсто од гласовите, оставајќи ја зад себе проруската опозиција со 24,2 проценти.

Лидерите на Франција, Германија и Полска ѝ честитаа на Молдавија за „мирно спроведените избори“, посочувајќи на „невидено руско мешање“, додека Москва ги отфрли тие обвинувања и тврди дека молдавските власти им го отежнале гласањето на граѓаните во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков: Молдавија прави сериозна грешка со тоа…

Актуелните молдавски власти прават сериозна грешка претворајќи…

Лукашенко: Зеленски е виновен за забавувањето на…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека…

По руските напади, десетици градови и села…

Десетици градови и села во јужниот украински…

Путин: Русија и САД остануваат во рамките…

Русија и САД останаа во рамките на…

Србија ѝ донираше речиси 6 милиони долари…

Според соопштението на руското Министерство за надворешни…