Објавено на:

Песков објасни: Еве зошто Путин нема потреба од никакви социјални мрежи

t

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека на рускиот лидер Владимир Путин не му се потребни социјалните мрежи, вклучително и канал на Телеграм, бидејќи и онака сите внимателно го следат секој негов збор.

„За разлика од мене и тебе, тој е човек чиј секој чекор го следи целиот свет. Дури и да стои во ходникот и да зборува со шепот, сите слушаат внимателно. Зошто би му требало еден канал на Телеграм!“, рече Песков во разговор со учесниците на едукативната програма за експерти од областа на медиумите и маркетингот „Работилница за нови медиуми“.

Портпаролот на Кремљ претходно изјави дека рускиот претседател не сака некој да управува со сметките на социјалните мрежи наместо него, а тој нема време сам да го направи тоа, пренесува Спутник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…