Песков по изјавата на Трамп за „хартиени тигри“: Кога мислите на Русија, помислувате на мечка, а хартиени мечки нема

t

Кремљ ја нарече изјавата на американскиот претседател  Доналд Трамп  дека Украина би можела да ја врати изгубената територија „голема грешка“. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги отфрли и забелешките на Трамп за  Русија како „хартиен тигар“.

Трамп наговести пресврт во неговата политика кон Украина, нарекувајќи ја Русија „хартиен тигар“. Портпаролот на Кремљ, Песков, одговори: неговата земја би сакала да се спореди со мечка и „нема алтернатива“ за војната.

„Русија воопшто не е тигар. Кога мислите на Русија, помислувате на мечка. Нема хартиени мечки. Русија е вистинска мечка“, изјави Песков за радио РБК во Москва. Секако, има тешкотии поради санкциите, но генерално, руската економија е стабилна, тврди тој.

Според Москва, зближувањето меѓу Русија и САД, иницирано од американскиот претседател Доналд Трамп, даде „речиси нула резултати“. Портпаролот на Кремљ, изјави за РБЦ Дмитри Песков. „Овој процес е бавен, многу бавен“, рече Песков, осврнувајќи се на  напорите од изминатите шест месеци  и средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин кои не дадоа речиси никакви резултати.

Трамп по средбата со Зеленски: Русија е „хартиен тигар“, Украина може да си ја врати целата територија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп: Се чини дека секој пат кога…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Кремљ: Поканата на Путин до Зеленски е…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на…

Пред состанокот со Путин: Трамп денес на…

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд…