Објавено на:

Песков: Путин и Трамп не разговарале за Орбан како кандидат за генерален секретар на ОН

t

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Доналд Трамп, за време на нивниот последен телефонски разговор не разговарале за можноста поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да биде предложен за генерален секретар на Обединетите нации, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не, за ова не се разговараше за време на последниот телефонски разговор, но доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“, рече Песков одговарајќи на новинарски прашања.

Неговата изјава уследи по медиумските написи дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го поддржува Орбан како кандидат за највисоката функција во ОН, како и дека неговата кандидатура би можела да добие поддршка од Русија и Кина.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ на 26 октомври, повикувајќи се на одредени извори, објави дека Вашингтон го охрабрува Орбан да влезе во трката за генерален секретар на светската организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…