Петар Младеновски: Син ми беше нападат во Капиштец од деца додека играше кошарка, деликвентите ѝ се познати на полицијата

t

Малолетно момче било нападнато во паркот „Капиштец“ во неделата додека играло кошарка.

За случајот информира таткото на момчето, Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, преку социјалните мрежи, кој вели дека нападот врз неговиот син го извршиле четири малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.

Раскажува дека син му добил „шлаканици и клоци“ без никаква причина, а се обиделе и да му го украдат баскетот.

Полицијата му кажала на таткото дека станува збор за малолетни деликвенти, сторители на десетици дела, а се штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври“.

„Добивме повик од синот дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката, но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај „Беверли Хилс“, тие беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и да задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и другите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат (хм…) Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, двајца од интервентната и подоцна тројца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде што бевме. Е, тука следува изненадувањето!

Од полицајците добивме инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела, но дека тие се штитеници од Домот за деца без родители (од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување), за кои, искрен да бидам, првпат слушам иако живеам на неполни 700 м од куќата „25 Мај“, која се наоѓа на улицата Елисие Поповски, во близина на „Водњанска“, и дека тие никако не може кривично да одговараат за сторените дела, ниту да бидат приведени.

Имено, тие се дел од некаков, ајде да го наречам „дом-куќа-семејство“, и живеат шестмина во објектот (од вработените дознавам дека сите се проблематични и дека вакви дела се вршат катадневно на територијата на општина Центар и пошироко) и според мој впечаток, буквално се ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ да се движат каде што сакаат и да прават што сакаат. Исто така, дознавам дека имаат и официјално назначени старатели, ама тие се во Штип, Битола итн. итн. и не знам на кој начин и зошто овие лица им се старатели на овие деца. Едноставно, ништо не разбирам и ова е несфатливо.

Мојот син има последици од настанот и трауми што ќе ги влече подолго време. Но, ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн. (иако е веќе дадена и изјавата, ама реакција нема никаква, за жал, барем за сега) и со преземање сите можни дејства за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди, кои очигледно оперираат подолго време низ Центар, да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на другите од соседството и нема тука да запре. Едноставно, овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека, искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив.

Стапено е во контакт и со директорката на Домот, добив повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска, која верувам и лично ќе се заинтересира за случајот и за оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и ќе реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс, а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.

Очекуваме помош и од полицијата и од сите што се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и во паркот „Капиштец“. Ова не е прв инцидент. Се намножија во текот на годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто. Драги соседи, бидете внимателни и чувајте ги вашите деца, но и себе“, пишува таткото на социјалните мрежи.

Очекуваме одговор од МВР за тоа дали случајот бил пријавен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…