Петков со чуден заклучок: Кој е корумпиран во Бугарија често добива пари и од Русија
„Оние кои се корумпирани често добиваат пари од Русија“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, цитиран од Дојче веле во интервју за швајцарско радио. Според него, во Бугарија има 20 сиви кардинали, од кои Бугарија мора да се ослободи.
Тој е решен да ја промени својата земја, која се смета за најсиромашна и најкорумпирана во цела ЕУ, а неговите поддржувачи ја гледаат како последна надеж за Бугарија. Кирил Петков е премиер на земја во која многу луѓе се чувствуваат поврзани со Русија и каде владата може да се распадне во секој момент. „Секој ден размислувам за тоа“, изјави Петков за дописничката на швајцарската радио и телевизија Сара Новотни.
„42-годишниот Кирил Петков е веројатно првиот бугарски премиер кому му се верува кога вели дека неговата влада не покажува никаква толеранција кон корупцијата“, се вели во извештајот од Софија. А, прашањето за корупцијата не е толку комплицирано, според Петков: „Со население од 6,5 милиони луѓе во Бугарија, има дваесет сиви кардинали кои се корумпирани и од кои мора да се ослободиме“, рече премиерот.
Но, корупцијата одамна е насекаде, а Петков мораше да коалицира со поранешните комунисти и партијата на шоуменот Слави Трифонов за да формира влада. Работиме напорно заедно и посакувам да бидеме поконструктивни“, рече Петков.
Старата гарда – моќна и корумпирана
Написот понатаму потсетува на приказната за приведувањето на поранешниот премиер Бојко Борисов под сомнение за примање поткуп. Само еден ден подоцна, сепак, тој беше ослободен. „Во Бугарија, главниот обвинител не ја поддржува работата на владата, тој е дел од старата корумпирана елита“, рече Петков. Главниот обвинител има огромна моќ и на премиерот ќе му биде многу тешко да се ослободи од него – не без помошта на поранешните комунисти, кои денес се дел од проблемот со корупцијата, се вели во кореспонденцијата од Софија.
Истото важи и за односите со Русија, кои се блиски. Или како што вели самиот Петков: „Кој е корумпиран во Бугарија често добива пари од Русија“. Во извештајот се вели дека Петков ја осудува руската агресија: „Ужасно е што постои таков агресивен режим во Европа што го принудува народот на Украина да води војна“.
„Не ги изневеривме нашите принципи“
Сепак, најголемата опасност за политичката судбина на Петков произлегува од фактот што многу Бугари едвај врзуваат крај со крај: инфлацијата достигна 14 проценти, сè поскапува – особено храната. Владата троши милијарди за најсиромашните, но тие пари отвораат дупки на други места. Многу луѓе веќе ја обвинуваат владата дека не прави доволно за нив. А има и такви кои велат дека државата прави повеќе за бегалците.
Петков изгледа уморно, но уверува: „Не сме ги изневериле нашите принципи“. Прашањето е уште колку време му преостанува. Затоа што нема мала опасност и тоа да пропадне поради испреплетувањето на корупцијата, политиката и судовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…