Петличковски: Препорачано е прогласување на епидемија на голема кашлица за Скопје

t

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски денеска информираше дека препорачале да се прогласи епидемија на голема кашлица за град Скопје поради зголемениот број на случаи.

„Разгледувајќи ги бројките, во моментот се 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде се потврдени 14 случаи одлучивме да препорачаме прогласување епидемија за град Скопје. Ова звучи малку страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица. Во таа насока моментално го подготвуваме Упатството за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на испуштените вакцини”, рече Петличковски.

Тој истакна дека опфатот со вакцинација против пертусис не е на задоволително ниво, што значи дека тука треба е фокусот и да се поправи тоа што е испуштено во изминатиот период.

„Затоа ќе ги повикуваме сите кои пропуштиле вакцинација предвидена со редовниот календар, ќе предложиме да се организира работата на вакциналните пунктови во две смени, и дополнително во сабота да се примаат деца за вакцинација. Исто така, препорачуваме забрана за прием на деца невакцинирани со пертусис во градинки и очекуваме овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација бидејќи фокусот е на заштита на најмалите. Оваа болест е најтешка за најмалите. Вакцинацијата според редовниот календар почнува во втори месец и ние ги повикуваме сите родители да се придржуваат на овој дефиниран распоред, бидејќи дури и една доза значително ги заштитува вакцинираните од сериозен тек на болеста”, изјави Петличковски.

Препораки од Комисијата за заразни болести:

1) Се препорачува ЦЈЗ Скопје да прогласи епидемија на голема кашлица на територија на Скопје.

2) Институтот за јавно здравје да изработи стручно упатсво за постапување во услови на епидемија на голема кашлица.

3) Се повикуваат родителите на невакцинираните децата со ДиТеПер вакцина, кои од било која причина ја пропуштиле редовната вакцинација, ВЕДНАШ да се јават во вакциналниот пункт во кој припаѓаат и да ги надополнат пропуштените дози согласно Календарот за имунизација.

4) Службите за вакцинација/вакциналните пунктови ќе работат со засилен интензитет во две смени и сабота во една смена, со цел овозможување побрза вакцинација на пропуштените деца како противепидемиска мерка.

5) Се забранува прием и престој  во детска градинка на невакцинирани или некомплетно вакцинирани деца, согласно возраста во Календарот за имунизација.  

6) Дијагностицираните лица со голема кашлица, да се изолираат во домашни услови најмалку 5 дена од започнување на препорачаната антибиотска терапија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…