Петревски повика на разум и надминување на партиските разлики: Да спречиме економски и сообраќаен хаос во Скопје!
В.Д директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Крсте Петревски, на денешната вонредна седница на Советот на Градот Скопје, побара од советниците да ги изгласаат побараните субвенции од Градот за ЈСП, со цел овозможување на непречено функционирање на претријатието и граѓаните на Градот Скопје.
Петревски уште еднаш повтори некои од најголемите трошоци на претпријатието, со цел објаснување на советниците и на јавноста, со какви проблеми се соочува ЈСП.
– На минатата седница ги презентирав поголемиот дел од трошоците кои влијаат на работењето на ЈСП и имам чувство дека не беше доволно добро разбрано, затоа би сакал да повторам еден мал дел, на годишно ниво од трошоците.
Нафтата како основно гориво учествува со 580 милиони денари на годишно ниво, имаме обврска за рата за кредит за МАН-овите, 33 на број кои се набавени во износ од 110 милиони денари, имаме обврска за лондонски и јапонски клуб од 28 милиони и 600.000 денари. За електрична енергија, цената се уште не е нормализирана, околу 20 милиони, за резервни делови 27.665.000 денари, за метан кој е основно гориво за МАН-овите се троши 93 милиони денари, приватните превозници кои работат на годишно ниво нѐ чинат 340 милиони денари. Трошоци за привремени и повремени услуги, ангажирани работници преку агенција за привремени врабтотувања, околу 80 милиони денари, закупнина на опрема милион и 300.000, трошоци за вода 3.200.000, смет и фекалии 3,500.000, трошоци за регионални патишта над 2 милиони, осигурување 7.360.000, бенифициран стаж 10.875.000, судски трошоци 920.000, прекршочни и трошоци за спорови милион и 300.000 ден. Платите со најновото покачување ќе изнесуваат околу 900.000.000 денари, истакна Петревски.
Како што објасни директорот, просечната старост на возилата во ЈСП е двојно поголема од стандардот за јавен превоз.
– ЈСП извршува јавен превоз со автобуси со просечна старост од 12 години, се слушаат забелешки да, стандард за вакви возила треба да се 6-7 години, не 12 како нашите. Проблеми предизвикуваат дефектите, зголемени трошоци за одржување и гориво, објасни Петревски.
Директорот побара од советниците да ја поддржат предлог-одлуката за гласање на субвенциите за ЈСП со цел да се спречи економски и сообаќаен хаос во Скопје и овозможување на вработените во претпријатието да земат плата за својата работа.
– За делот на субвенции, бидејќи се говори дека овие се рекордни, во 2022 година истиот овој совет одобрил 523 милиони субвенци за ЈСП, плус 100 милиони за бесплатен превоз на возрасни и 60 милиони дополнителна субвенција за функционирање на системот на АВЛ.
Овие пари се потребни за исплаќање на платата на вработените бидејќи ако не се исплати платата ќе се доведе во опасност функционирањето на јавниот превоз во Скопје. ЈСП е стратешко претпријатие, доколку престане да работи сите знаете дека ќе се случи и сообраќаен и економски хаос во Скопје.
Затоа ве повикувам да ги надминеме партиските разлики, ЈСП троши пари само согласно закон и оттука се неосновани тврдењата за нетранспарентно трошење на средства.
Ве повикувам да ја изгласате одлуката не за директорт на ЈСП, туку за вработените во ЈСП и граѓаните на Градот Скопје, истакна в.д директорот на ЈСП, Петревски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…