Петрова: Оданочувањето на доходите од странство е законска обврска, ќе излеземе во пресрет и ќе ги прифатиме сите видови докази
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, појасни дека оданочувањето на граѓаните кои оствариле доходи работејќи во странство е обврска предвидена со Законот за данок на личен доход и не станува збор за воведување нови, ретроактивни давачки. По средбата во Сојузот на стопански комори, таа истакна дека оваа законска одредба е на сила уште од 2020 година.
Главниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните во моментов е обезбедувањето на веродостојни докази за веќе платен данок во државите каде што работеле. Петрова најави дека УЈП ќе покаже флексибилност за да им излезе во пресрет на обврзниците.
„Управата ќе прифаќа сите видови докази за платен данок во странство и веќе покренуваме административна соработка со странските даночни администрации за службена проверка на податоците“, изјави Петрова.
Од вкупно 1.100 евидентирани граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак, околу 200 веќе ја доставиле потребната документација. За останатите, УЈП побарала официјални листи и податоци за компаниите работодавачи за да се изврши проверка по службена должност. Слични дополнителни проверки ќе се спроведат и за лицата кои биле дел од мировни мисии, а за кои данокот бил регулиран преку Министерството за одбрана.
Директорката Петрова најави дека издадените аконтациски решенија за 2020 година ќе бидат заменети со конечни решенија по завршување на проверките. Дотогаш, процесот на присилна наплата или корекции ќе мирува за сите граѓани додека не се обезбедат потребните информации од странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова: Оданочувањето на доходите од странство е…
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП),…
„Сè беше легално и со дозволи“: Детали…
Македонија била вклучена во проектот кој се…
Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор…
Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг…
Мицкоски: Украденото мора да се врати на…
Денеска ги поставуваме темелите за систем во…
За пиротехниката доаѓаше човек од Скопје, но…
Пожарот во „Пулс“ настана од пиротехниката. Огнот…