Објавено на:

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција

t

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија.

Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со влијание.

Целиот имот на Танг е конфискуван. Истрагата против него почна во април 2024 година под сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот – термин што најчесто се користи за корупција. Танг беше исклучен од Кинеската комунистичка партија.

Пресудата против Танг е дел од големата антикорупциска кампања преземана од кинескиот претседател Шји Џјинпинг, при што изминатите недели приведени се повеќе функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови…

Времето денеска ќе биде променливо облачно со…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…