Петровска: Власта сакаше да се претстави како жртва, но падна во сопствената замка

t

Пратеничката на опозицискиот СДСМ, Славјанка Петровска вели дека барањето на нејзината партија за целосна декласификација на документите во врска со наводите за прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, предизвикале нервоза кај власта.

Според Петровска, во целиот случај власта сакала да се претстави како жртва, но паднала во сопствената замка.

„Приоритет е целосна декласификација на документите за да се обезбеди транспарентност и граѓаните да добијат одговори на стотиците прашања што се поставени. Најавата за целосна декласификација предизвика нервоза кај оние кои сакаа да се претстават како жртви, затоа што ќе бидат објавени информации кои можеби нема да им се допаднат. Ние велиме , сакаме сè да биде објавено за граѓаните да добијат одговори. Декласификацијата ќе даде одговор на сите прашања и можеби ќе ги демантира сомнежите“,

рече Петровска во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител.
Таа во интервјуто се осврна и на тоа што на претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање (АР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Скендер Реџепи досега не му е издаден безбедносен сертификат.

Оваа ситуација, како што рече Петровска, создава сериозни прашања за законското функционирање на надзорот врз двете агенции.

Во таа насока, пратеничката на СДСМ кажа дека Реџепи поднел барање за сертификат кон крајот на минатата година. Ова, како што посочи, значи дека шестмесечниот законски рок за добивање одговор е одамна надминат.

Петровска додаде и дека неколку пати биле закажувани и откажувани седници со кои требало да претседава таа, а потоа Реџепи сам ја закажал седницата, создавајќи лош впечаток за работата на Собранието и за политичките партии.

Вчера, спикерот Африм Гаши, ја закажа, па ја одложи седницата на Комисијата, на која требаше да се расправа во врска со наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, а со која требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, која е член на ова работно тело.

„Надзорот мора да биде јавен, пред медиумите и граѓаните, со одговорност од сите. АНБ не е сопственост на ниту една партија, туку е столб на државата. И покрај недостатоците, таа институција придонесе Северна Македонија да стане членка на НАТО. Реформите мора да продолжат, но на вистински начин, со вклучување на експерти, академската заедница и невладини организации“, рече Петровска.

Таа додаде и дека Собранието нема истражна функција и оти пратениците мора да внимаваат да не ја попречуваат предистрагата, што за наводите за незаконско прислушување ја води Основното јавно обвинителство за гонење на ораганзиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Власта сакаше да се претстави како…

Пратеничката на опозицискиот СДСМ, Славјанка Петровска вели…

Се огласи разрешениот командант на српските специјалци:…

Командантот на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ),…

(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Твојата филозофија е…

Твојата филозофија е дивеење и беззаконие, му…

СДСМ бара одговорност од Јаневска затоа што…

Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните…

Пијан скопјанец со тротинет влетал во луѓе…

На 06.09.2025 во 19:10 часот во Скопје,…